Се чини дека тимот на ГРК Охрид доби ривал по мерка. Македонскиот претставник во ЕХФ Европскиот Куп во 3.коло од ова натпреварување ќе ги одмери силите со тимот на Слога Добој од БиХ. Првиот меч се игра во Охрид, а реваншот во Добој.
Така сакаше денешната ждрепка во седиштето на ЕХФ во Виена. “Гладијаторите“ можеа да добијат и полесен, но секако и потежок ривал, вака против Слога Добој може да се надеваат на добар настап во двомечот и секако пласман во следната рунда.
Првиот меч ќе се игра на 15/16 ноември во Охрид, додека реваншот 22/23 ноември во Добој.
Да се потсетиме дека во ова натпреварување Македонија имаше уште два претставника, Тиквеш и Бутел, но тие се веќе елиминирани.