ЕХФ Лига Европа: Вардар пред тежок предизвик кај Тулуз!

44

Некогашниот двоен европски првак и тим кој што во изминатиот дел од сезоната во Суперлигата има перфектен скор, вечерва (18:45 Ч) ќе го одигра својот втор меч од групната фаза во ЕХФ Лигата на Европа.

РК Вардар 1961 е пред тежок предизвик, му гостуба силниот Тулуз, тим кој што поразот на стадиот од Кристијанштад едноставно не смее да си дозволи домашен пораз.

Четата на стратегот Иван Чупиќ охрабрена по победата и добрата игра против Сесвете на свој терен, јасно е дека вечерва посакува уште еден добар настап и секако изненадување кај Тулуз.

Јасно е дека ќе биде тешко, но не и невозможно за вардарци да дојдат д добар резултат кој ќе ги приближи во остварување на целта, а таа да се мине групата Ф и да се дојде до пласман во следната рунда.

Традицијата вели дека Вардар и Тулуз досега одиграле само две средби, и тоа во далечната 1999 година кога во 1/4 финалето во Купот на куповите францускиот тим беше подобар во тој двомеч.

ПретходноШто ли имаа да си кажат Новак и Роналдо во Ријад?! (ФОТО)
СледноОфицијално: Нотингем Форест го потврди Шон Дајч! (ФОТО)