Катастрофа: Заврши годината за најдобриот кошаркар на Партизан!

212
ФОТО: KK Partizan/FB

Ужасни и катастрофални вести за сите во таборот на КК Партизан, посебно за стратегот Жељко Обрадовиќ. Имено најдобриот во неговиот тим, Карлик Џонс синоќа на мечот против ФМП во АБА лигата се здоби со тешка повреда, а по лекарските прегледи констатирано е дека репрезентативецот на Јужен Судан најмалку три месеци ќе биде надвор од терените. Тоа значи дека Партизан ќе може да смета на него дури во 2026.

Карлик Џонс има повреда, односно скршеница на стопалото.

Секако дека ова е голем удар и за амбициите на “црно – белите“ оваа сезона. Плејот беше најважен дел од составот на тимот на стратегот Жељко Обрадовиќ.

Сите во Партизан се свесни дека без него ќе биде пеколно тешко да се победи на било кој меч во Евролигата.

ПретходноБрентфорд славеше на гости кај “Чеканите“!
СледноАтлетико го пријави Арсенал во УЕФА: На „Емирејтс“ немало топла вода, па се туширале во хотелот!