ЛШ: Арсенал за 13 минути го „распарчи“ Атлетико, ПСЖ „гази“, Наполи посрамен во Холандија (ВИДЕО)

44

Извонредно ефикасен фудбал на вечерашните седум дуели од 3. коло во лигашкиот дел од Лигата на шампионите на УЕФА. Во фокусот беше дуелот во Лондон, каде екипата на Арсенал го совлада Атлетико (М) со 4:0 во меч во кој гостите одиграа одличен дуел се до 57. минута, кога домашните преку Габриел поведоа, а потоа гостинскиот тим на Чоло Симеоне едноставно се распадна. „Топчиите“ за 6 минути постигнаа уште три гола (два Ѓокереш и еден Мартинели) и му нанесоа тежок пораз на шпанскиот претставник.

Тежок пораз доживеа Наполи на нашиот Елмас. На гостувањето во Холандија, Наполи беше поразен од ПСВ со 6:2, иако со голот на МекТоминај, Италијанците први поведоа. ПСВ се врати брзо за пресврт со еден автогол на Бонџорно и голот на Саибари и на одмор замина со 2:1. Во вториот дел следуваа нови два гола за домашните преку Романецот Денис Ман за 4:1, по што МекТоминај намали на 4:2, а веднаш по него Пепи погоди за 5:2 за домашните. Елмас доби шанса во финишот на мечот, но Наполи прими и шести гол во 89. минута, кога Друех распали за конечни 6:2.

ПСЖ си замина со висока победа од Германија против екипата на Баер (Л). Европскиот шампион славеше со 2:7. Во првиот дел беше 1:4, откако гостите поведоа преку Пачо, домашните израмнија од пенал, а потоа следуваа два гола на Дуе и еден на Квича. Во вториот дел Мендеш погоди за 1:5, па Гарсија со вториот гол намали на 2:5, за конечните 2:7 да ги постават нововлезениот Дембеле во 66. минута и Витиња во 90. минута.

Интер со 4:0 си замина од Белгија против Ројал Унион. Дамфрис, Лаутаро, Чалханоглу (пенал) и Еспозито ја донесоа победата за „нероаѕурите“.

Со головите на Гордон и два на Харви Барнс, Њукасл на домашен терен славеше против екипата на Бенфика со 3:0.

Манчестер Сити со два гола во првиот дел славеше во Шпанија кај Виљареал. Халанд отвори во 17. минута, а конечните 0:2 беа дело на Бернардо Силва на пет минути пред крајот на полувремето.

Борусија (Д) со 2:4 славеше на гости кај ФК Копенхаген.

ПретходноНоле го откажа настапот на Мастерсот во Париз
СледноПо жестоките протести: Ла Лига го откажа мечот меѓу Виљареал и Барса во САД