ЛШ: Барса го „демолираше“ Олимпијакос, Каират не победи ни со играч повеќе (ВИДЕО)

58
фото: Barcelona FC (X)

Фудбалерите на Барселона ја демолираа екипата на Олимпијакос во вечерашниот меч од 3. коло во Лигата на шампионите. Каталонците на домашен терен славеа со 6:1 во меч со грчкиот претставник, кој на стартот на второто полувреме успеа за момент да донесе несигурност во домашните редови, но Барселона умешно тоа го одмина и потоа ја наполни гостинската мрежа до врв за да ја оствари и втората победа во годинешниот лигашки дел.

Хет-трик за домашните постигна Фермин Лопез, додека уште два гола додаде Маркус Рашфорд. Последниот гол за домашните беше дело на Ламин Јамал од белата точка. Единствениот гол за гостите беше исто така постигнат од белата точка, а стрелец беше Ел Кааби.

Во вториот вечерашен дуел, Каират Алмати и Пафос одиграа без голови (0:0). Ова е голема пропуштена шанса за домашниот тим да нападне на прва победа, затоа што кипарскиот претставник вечерва практично цел меч играше со 10 фудбалери, откако во 4. минута беше исклучен нивниот прв голгетер Кореа.

ПретходноВардар победи во Франција: „Црвено-црна“ доминација и во Тулуз
СледноАлонсо: Јуве е голем, да не ја забораваме историјата