Македонската женска А репрезентација ќе одигра два контролни натпревари против Русија

60

Македонската женска А репрезентација на 24. и 27. октомври во Струмица ќе одигра два пријателски натпревари против селекцијата на Русија. Селекторот на нашата репрезентација, Александар Андов за контролните мечеви против Русија ќе смета на следните фудбалерки:

Голмани: Кристина Павловска (Машинац, Србија), Викторија Пачурова (Тиверија Брера);

Одбрана: Слаѓана Ѓорѓиева (Тиверија Брера), Ане Бошевска (Тиверија Брера), Павлинка Николовска (Тиверија Брера), Ива Јовановска (Љуботен)
Катерина Петкова (Истатов), Елена Панеска (Мура, Словенија), Бојана Петкова (Полонија, Полска), Христина Јошевска (Скопје);

Среден ред: Данче Карпузовска (Тиверија Брера), Рабиа Дервиши (Скопје), Хава Мустафа (Љуботен), Александра Марковска (Љуботен), Симона Мајер (Макаби, Израел), Андреа Донева (Кочани), Ева Величкова (Љуботен), Билјана Панеска (Агиа Параскеви, Грција);

Напад: Јилза Максути (Грамши, Албанија), Кристина Петрушевска (Истатов), Меланија Гроздановска (Истатов), Јована Павловска (АС Јунајтед), Миа Голавска (СЦ Истатов);

На 4. ноември во Нион, Швајцарија, македонската женска репрезентација ќе ги дознае противничките селекции во групата од новите квалификации за пласман на Европско првенство.

“Во следниот период ќе има промени во селекцијата на женската репрезентација. На неколку фудбалерки нема да сметаме, а ќе се фокусираме на оние кои се подготвени да играат со посветеност и дисциплина секогаш кога се во националниот тим. Целта ни е да изградиме стабилна база за иднината и да им дадеме шанса на млади и мотивирани фудбалерки.

Секако, мораме да признаеме дека во изминатите години, па и децении, немавме значајни резултати. Но, со правилен пристап и работа, верувам дека можеме да изградиме тим кој ќе биде конкурентен и кој ќе носи подобри резултати за Македонија”. – изјави селекторот Александар Андов.

 

ПретходноТанески за дуелите со Словачка повика 19 ракометари
СледноСтојановски разочаран: Очекував многу повеќе, игравме бавно и безидејно