Ноле го откажа настапот на Мастерсот во Париз

30

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да игра на Мастерсот во Париз, објави денес „Еуроспорт“.

Сè уште не е познато дали Новак ќе игра на турнирот во Атина, како и на финалниот Мастерс во Торино во ноември. Ѓоковиќ е седумкратен победник на Мастерсот во Париз, а ова е втора година по ред што не игра во француската престолнина.

Новак Ѓоковиќ потврди на социјалната мрежа „X“ дека нема да игра во Париз и рече дека се надева дека ќе игра следната година.

„Драг Париз, за жал нема да учествувам на Мастерсот оваа година. Имам прекрасни спомени и голем успех сите овие години, особено затоа што успеав да ја освојам титулата седумпати. Се надевам дека ќе се видиме следната година. Ви благодарам“, напиша Ноле.

ПретходноСтарт за во затвор: Црвениот картон на Пафос за кој се збворува (ВИДЕО)
СледноЛШ: Арсенал за 13 минути го „распарчи“ Атлетико, ПСЖ „гази“, Наполи посрамен во Холандија (ВИДЕО)