Тимот на Шкендија од Арачиново денеска во рамките од 1/8 финалето од Купот на Македонија на домашен терен го совлада фаворизираниот тим на Пелистер со минимални 1:0 и на тој начин мина во следната 1/4 фаза од ова натпреварување.
Второлигашот влезе во оваа конкуренција без некакви посебни амбиции, многу повеќе арачиновци се сконцентрирани на ВФМЛ шампионатот, но кога ете шансата за добар резултат се отвора, зошто истата да не се искористи.
Единствениот гол денеска за Шкендија Арачиново го постигна искусниот Арсим Љамалари, а по победата секако следуваше победничка фотка заедно со верните навивачи.