Стојановски разочаран: Очекував многу повеќе, игравме бавно и безидејно

129
фото: FC Pelister Bitola (FB)

Фудбалерите на Пелистер денеска беа поразени од Шкендија (А) во мечот од осминафиналето на националниот куп. По натпреварот, новиот предводник на битолските „зелено-бели“, Милан Стојановски, даде свое видување на дуелот.

„Очекував многу повеќе од оваа средба, бидејќи добро ја одигравме контролката против Динамо — иако беше пријателска, очекував победа. Сето она што го прикажаа момците во изминатите десет дена на тренинг, ми даваше надеж за позитивен резултат денес. Меѓутоа, денес противникот беше борбена второлигашка екипа, а ние не одговоривме ниту со агресија, ниту со карактер. Игравме многу бавно и безидејно. Како тренер, им се извинувам на нашите навивачи за овој тежок пораз. Се надевам дека ова ќе биде една поука и поттик за сите нас, и дека ќе се насочиме кон првенството, кое е наш приоритет. Верувам дека ќе следуваат многу подобри партии“, вели Стојановски.

ПретходноМакедонската женска А репрезентација ќе одигра два контролни натпревари против Русија
СледноИталијански лигаш ставен под судски мерки поради врски со мафијата