Македонската младинска ракометна репрезентација закажа два пријателски дуели со соодветната сениорска селекција на Словачка. Во овој ЕХФ репрезентативен прозорец нашите млади ракометари ќе имаат одлична проверка против силен противник.
По тој повод, селекторот Наум Танески денеска го објави списокот, на репрезентативци на кој што се наоѓаат деветнаесет имиња.
Натпреварите се предвидени да се одиграат на 30 октомври во спортската сала „Јане Сандански“ со почеток во 18:00 часот и на 1 ноември со почеток во 14:00 часот.
Собирот на ракометарите ќе се одржи на 27 октомври (понеделник) во 12:00 часот во Хотел Русија