Што ли имаа да си кажат Новак и Роналдо во Ријад?! (ФОТО)

31
ФОТО: Rolex Shanghai Masters/FB

Едниот најголем во тенисот, а другиот еден од најголемите во фудбалот. Новак Ѓоковиќ и Кристијано Роналдо, две спортски икони, беа фотографирани додека се дружеа на балконот на хотел во Ријад, далеку од очите на јавноста. Секако дека кога едни вакви спортски величини ќе имаат таен состанок, јавноста е љубопитна за тоа што станало збор.
Инаку оваа средба доаѓа во време кога српскиот тенисер отворено зборува за инспирацијата што ја наоѓа во долговечноста на другите врвни спортисти.
Ѓоковиќ неодамна истакна како е мотивиран од примерот на ѕвездите кои ги поместуваат границите во своите кариери.

Иако и двајцата се веќе во поодминати години, тие и натаму го воодушевуваат светот.

ПретходноГрчките витези претрпеа дебакл од ШК Алкалоид
СледноЕХФ Лига Европа: Вардар пред тежок предизвик кај Тулуз!