Арсенал му се извини на Атлетико за немање топла вода на „Емирати“ стадионот

67

Вечерашниот дуел од Лигата на Шампионите помеѓу Арсенал и Атлетико Мадрид, кој што секако е означен како дерби на денешниот распоред имаше интересна најава и претходница.

На вчерашниот официјален тренинг, играчите на Атлетико Мадрид на „Емирати“ стадионот ги дочека несекојдневна ситуација. Во соблекувалните немаше топла вода за да се искапат по обавениот тренинг.

Тимот ја заврши тренингот 15 минути порано и се врати во хотелот за да можат играчите да се истушираат.

Фудбалерите на Атлетико беа бесни поради ситуацијата, тврди Марка. Шпанскиот клуб дури испрати и официјална жалба до УЕФА.

ПретходноПоради нарушување на редот во фан зоната: 180 навивачи на Наполи се протерани од Холандија
СледноКуп на Македонија 1/8 финале: Струга ТЛ со „петарда“ против МЃП, Василев е херојот на Работнички