Куп на Македонија 1/8 финале: Струга ТЛ со „петарда“ против МЃП, Василев е херојот на Работнички

361

Екипата на Струга Трим Лум на најдобар можен начин денеска покажа дека има намера сезонава да атакува покрај на шампионската титула во ПМФЛ шампионатот, и на Купот  на Македонија.
Во рамките од 1/8 финалните мечеви кои беа денеска на програмата Стружани на гостински терен во Скопје против екипата на Македонија ЃП извојуваа убедлива победа од 0:5. Серијата погодоци ја започна Ивковиќ, за да потоа погоди и Воша во второто полувреме, па Компаоре, па Малески, за да серијата погодоци во противничката мрежа ја заврши Стефан Јевтовски.

Од друга страна пак, во прволигашката пресметка во Куманово, тимот на Силекс исто така мина во следната фаза откако со 1:2, го совлада Башкими. За гостите уште во четвртата минута погоди Додев, а пред полувреме изедначи Симоновски. Милош Николиќ во 68. минута по мешаницата од изведениот корнер најдобро се снајде и погоди за 1:2, што беше и конечен резултат.

„Романтичарите“ на пенали ја елиминираа Брегалница

Од друга страна пак, во дуелите ПМФЛ – ВМФЛ, тимот на Работнички по подоброто изведување на пеналите откако регуларниот дел заврши 1:1, ја совладаа штипска Брегалница. Херој на домаќинот беше У21 репрезенаттивецот Васко Василев кој што до одбрани клучниот пенал на Коцев, капитенот на гостите.

Конечно, Шкендија Арачиново слави голема победа против тимот на Пелистер, откако на свој терен го елиминираше битолскиот прволигаш со минимални 1:0. Со овој пораз, новиот тренер на тимот на Пелистер, Милан Стојановски имаше лош старт на новата позиција. Поуспешен од него Љупчо Марковски Калц, кој што одлично се снаоѓа на клупата на амбициозниот второлигаш во моментов. Стрелец на единствениот гол на овој меч беше Арсим Љамалари

 

ПретходноАрсенал му се извини на Атлетико за немање топла вода на „Емирати“ стадионот
СледноБаерн му верува на Компани, белгиецот со нов договор до 2029 година