Искусниот сега веќе член на тимот на Е.Пелистер, Дејан Манасков повторно ќе биде дел од ракометната репрезентација на Македонија.
Селекторот Кирил Лазаров се одлучи да го ставо на списокот искусното крило за претстојните пријателски контролни мечеви против репрезентацијата на Јапонија.
Манасков две години го немаше на репрезентативниот список, но очигледно одлилните партии кои што во моментов ги има во дресот на Е.Пелистер, екипа која што не претставува во Лигата на Шампионите го ставија повторно меѓу најдобрите мак ракометари во моментов.
На поширокиот список на играчи, но меѓу резервите се најде и Филип Талески, заедно со досега стандардните Марко Митев, Лазаревски и Јагуриновски, кои на стартот на сезонава се мачеа со незгодни повреди.