ЛШ: Белингем за “кралска“ победа во дербито, Баерн си “гази“, Ливерпул и Челзи броеја до пет!

53
ФОТО: Real Madrid C.F/FB

Со вечерашните седум меча се заокружи и 3.коло во Лигата на Шампионите. А во дербито на колото, на денот, во дуелот на гигантите. Реал Мадрид го победи Јувентус со 1:0 и тоа со голот на Џуд Белингем во 58.минута. Со овие три бода сега “кралевите“ имаа максимални девет бодови и еден од петте клубови кои се максимални.

Јуве не разочара, напротив, одигра сосема солидно на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, но сепак “Кралевите“ знаеја како треба, иако потешко од очекувањата. Во судиското продолжение Јуве можеше и да израмни.

Баерн си “гази“, дома триумф со 4:0 против Клуб Бриж и тоа со головите на Кејн, Карл, Диас и Џексон.

Ливерпул конечно покажа зошто е шампион на Англија.Успеа со 1:5 да слави кај Ајнтрахт Франкфурт. Домашните поведоа со голот на Кристенсен во 26.минута, за да потоа Екитике, Ван Дајк, Конате, Гакпо и Собослаи дојдоа до убедлив триумф.

Исто со 5:1, ама на свој терен славеше и Челзи против Ајакс, и тоа со головите на Гуиу, Каиседо, Фернандез, Естевао и Џорџ.

На остантите мечеви Аталанта и Славија Прага одиграа 0:0, Монако – Тотенхем исто без голови, Спортинг го победи Марсеј со 2:1.

ПретходноЈанта Волеј за историја: Прв настап и прв триумф во Лигата на шампионите
СледноСекоја чест за Ајнтрахт: Германците потсетија на Диого Жота!