Беќири: Играме против квалитетен противник, но Шкендија во Скопје знае како против ривалите

82

Актуелниот македонски фудбалски шампион, тимот на Шкендија утре, со почеток од 18:45 часот на Арената Тодор Проески во Скопје ќе го одигра дуелот од второто коло од групната фаза од Лигата на Конференции, против тимот на Шелбурн од Република Ирска.

По поразот на стартот, на гостински терен против тимот на Рајо од Шпанија, овојпат Шкендија реално има поголеми шанси да обезбеди поволен резултат.

Тренерот Јетон Беќири на официјалната прес конференција пред утрешниот меч рече дека неговиот тим добро знае на што ќе наиде утре, но дека во Скопје во изминатиот период Шкендија одиграа силни и квалитетни мечеви.

„ Имавме доволно време да се подготвиме. Во Скопје игравме добро и на тие квалификациски мечеви во Европа. Иако сме различни по стил со противникот, посакувам со една добра и паметна игра да дојдеме до победа. Направивме добра анализа на противникот, не можеш на ова ниво да најдеш слабости кај противник. Мора да одиграме квалитетно. Се надеваме на добра игра на поддршка од публиката и да дојдеме до тие три бода“, изјави Беќири на денешната прес-конференција.

„Пред да играме со Рајо знаевме дека шпанската лига е силна, но кога играш уште повеќе ја чувствуваш таа силина. Видовме како се игра модерен фудбал и не случајно шпанските екипи се секогаш на врвот. Сите ние видовме како треба да де игра врвен и модерен фудбал. Се надевам дека научивме нешто и дека ќе ни послужи за идните натпревари“, прокоментира Јетон Беќири.

ПретходноЕмбид е „фит“, почнува уште на првиот меч за Филаделфија
СледноКонте за катастрофата во Ајндховен: Овој пораз не е случаен