Ракометарите на Е. Пелистер по доброто издание против шпанскиот првак Барселона, веќе подготвено го очекуваат дуелот со најдобриот тим во Европа минатата сезона, германски Магдебург.
На средбата со новинарите во очекување на утрешниот дуел, тренерот на битолските „зелено-бели“, Рубен Гарабаја ги изложи своите очекувања од пресметката со Германците.
„Се надевам дека ќе можеме да бидеме уште подобри од мечот со Барселона, затоа што одигравме одлично. Не бевме перфектни, но бевме близу. Ако не сте компактни и безгрешни против тим како Магдебург, сигурно ќе имате многу проблеми. Ќе видиме кои играчи се најподготвени за настап, нема да ризикуваме со оние што не се 100% фит. Ќе дадеме максимум со кадарот што го имаме на располагање. Сите знаат каков стил негува ривалот, брз, со опасни контри и лесни голови. Ќе се обидеме да ја зграпчиме секоја прилика што ќе ни се пружи“, вели стратегот.
Мечот меѓу Магдебург и Е. Пелистер е на програмата утре од 20.45 часот.