Искусниот, 30. годишен ракометар Кристијан Пилиповиќ е нов член на македонскиот суперлигаш, ГРК Охрид. Откако минал осум години во тимот на Кадетен Шафхаузен од Швајцарија, 192 сантиметри високиот ракометар пристигнува во Охрид, со обврска да остане минимум до крајот на актуелната сезона.
Пилиповиќ бил дел и од Висла Плок (Полска), Нексе (Хрватска) и Фиверс (Австрија). Има одиграно официјални натпревари и за сениорската екипа на Австрија, а од 2022 е дел од Хрватската репрезентација.
“Барав еден амбициозен проект, нешто ново да пробам, сакав да работам со амбициозни и фанатични луѓе и тоа го препознав во Охрид. Луѓето овде се навистина луди за ракомет, сакаат нешто да направат, нешто да створат, навистина е една многу убава приказна. Бев воодушевен од градот и пристапот на клубот и добрите разговори со спортскиот директор и тренерот, така да одлуката ја направив лесно и верувам во добри резултати и добра иднина.” – изјави Пилиповиќ.