Динамо Букурешт е шампионскиот тест за Струмица

18
фото: CEV.eu

Долгогодишниот шампион на Македонија, екипата на Струмица 47&72 попладнево (17 ч.) во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје ќе го одигра првиот меч од дуелите со Динамо Букурешт во рамките на првата рунда од квалификациите во Лигата на шампионите на ЦЕВ. Струмичани неколку сезони наназад настапуваат во европските клупски турнири, а имаат и доволно искуство од настапите во Лигата на шампионите.

Оваа година струмичкиот состав е прилично млад, но има и неколку репрезентативни имиња во составот кои треба да го понесат товарот на европските возбудувања.

„Четврта година во низа Струмица е дел од најквалитетното европско натпреварување, но оваа година со поскромни амбиции со оглед на тоа дека добивме еден квалитетен ривал како Динамо Букурешт. Резултатот за нас не е во прв план, затоа што оваа сезона имаме подмладен тим и во прв план е да им се даде шанса на помладите играчи да собираат искуство. Секако дека со поддршката на поискусните ќе се обидеме да понудиме квалитетен и достоен отпор, па зошто да не освоиме и сет“, потенцира капитенот на Струмица 47&72, Ефтим Ричлиев.

Струмичани ги покануваат сите одбојкарски вљубеници да бидат дел од натпреварот. Влезот во салата ќе биде слободен. Средбата ќе ја судат Добромир Добрев од Бугарија и Василеос Василеиадис од Грција.

ПретходноИсториски срам за Наполи, првпат примија 6 гола на европски натпревар
СледноАртета: Ова е само почеток за Ѓокереш, сега очекувам серија голови