Дончиќ ја отвори НБА сезоната со 43 поени и пораз, шампионот тргна со победа (ВИДЕО)

40
фото: OptaSTATS (X)

Рано утринава започна новата НБА сезона. Во првиот од двата воведни натпревари, шампионите од Оклахома Сити Тандер ги победија Хјустон Рокетс со 125:124 по две продолженија, а во вториот натпревар, Лос Анџелес Лејкерс беа поразени од Голден Стејт Вориорс на домашен терен со 109:119.

Навивачите на Тандер го добија она што го чекаа, церемонија по повод шампионскиот наслов, откривање на шампионското знаме и победа над поранешната ѕвезда на тимот, Кевин Дурант. Шеи Гилџес-Александер, актуелниот МВП, погоди две слободни фрлања на 2,3 секунди до крајот на второто продолжение за да им ја донесе победата на Тандер. Тоа беше само шестипат првата вечер да заврши со двојно продолжение и првпат од 2005 година.

Гилџес-Александер мечот го заврши со 35 поени, по пет скока и асистенции, а Чет Холмгрен додаде 28 со седум украдени топки. Дурант постигна 23 и имаше девет скока за новиот свој тим, Хјустон.

Сезоната не започна добро за ЛА Лејкерс, кои беа поразени од Голден Стејт Вориорс пред домашната публика. Без повредениот Леброн Џејмс не успеаја победнички да тргнат во новото првенство. Дончиќ беше носител на играта на Лејкерс со 43 поени, на кои им додаде и 12 скока и девет асистенции, и со тоа остана на една асистенција од трипл-дабл. Тој стана првиот играч на Лејкерси по Коби Брајант во 2007 година кој ја отвори сезоната со 40 или повеќе поени.

Остин Ривс постигна 26 поени, а новиот центар Деандре Ејтон достигна само 10.

ПретходноПо жестоките протести: Ла Лига го откажа мечот меѓу Виљареал и Барса во САД
СледноФермин го надмина Меси со вчерашниот хет-трик во ЛШ