Една од најголемите ѕвезди на НБА лигата, Џоел Ембиид ќе ја започне сезоната со уште првиот натпревар. Центарот успеа да се опорави до крајот на предсезоната и сега ќе учествува во првиот натпревар од регуларната сезона во кој Филаделфија ќе се соочи со Бостон.
Ембиид не играл на официјален натпревар од 22 февруари. Сепак, како што се очекуваше, Пол Џорџ, Џаред Мекејн и Трендон Вотфорд дефинитивно нема да излезат на теренот на премиерата во новата сезона.