Во вториот меч во ФИБА Европа Купот, кошаркарите на Пелистер ги израдуваа своите фанови вечерва во Битола, со првата победа и тоа против тимот на Приевидза од Словачка со 90:83.
Секако дека ова е историска, прва европска победа за тимот од Битола.
Сепак треба да се каже дека не беше баш така лесно, посебно во првото полувреме ако се знае дека домашниот состав на пауза замина само +1 поен разлика, 41:40.
Словаците и тоа како пружија силен отпор, посебно во првата четвртина која ја добија со 18:22. Но од тогаш па се до самиот финиш на мечот настаните на теренот ги диктираше само една екипа, а тоа беше Пелистер. Но во последните две минути Словаците дојдоа на -2, тие моменти беа драматични, но битолчани знаеја како треба да одиграат во кога беше најпотребно.
Најефикасен на мечот беше Остин Прајс со 25 поени.