Куманово домаќин на Македонија – Јапонија

57

Машката репрезентација на Македонија на 1 ноември ќе одигра контролен натпревар отворен и за јавност против репрезентацијата на Јапонија како дел, односно почеток на подготовките за настапот на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка во јануари 2026.

Ракометната федерација одлучи овој натпревар да се игра во спортската сала во Куманово. Почетокот на натпреварот е закажан за 16:00 часот, a дополно ќе бидат објавени детали од технички карактер за овој натпревар.

ПретходноГРК Охрид е посилен за Кристијан Пилиповиќ
СледноЕмбид е „фит“, почнува уште на првиот меч за Филаделфија