ЛШ: Галата го “скрши“ Бодо/Глимт, Билбао се измачи против Карабах!

31
ФОТО: Galatasaray/fb

Вечерва на програмата се уште девет меча од 3.коло во Лигата на Шампионите. Во терминот од 18:45 часот се одиграа два меча, и на двата славеа домашните.

Во Истанбул, домашниот Галатасарај со 3:1 успеа да го победи Бодо/Глимт. Осимен со два гола, во 3.и 33.минута донесе водство од 2:0, потоа се беше полесно за турскиот гигант.

Во 60.минута Акгун стрелаше за 3:0, за да до крајот гостите со голот на Хелмерсен го ублажија поразот.

На „Сан Мамеш“ гостинскиот тим Карабах поведе со 0:1, со голот на Леандро Андраде уште во 1.минута. Тимот од Азербејџан одигра одлично, но сепак Билба со пресврт дојде до 3:1.

Два гола беа дело на Гурузета а еден постигна Наваро. Ова беше првиот пораз на Карабах во Лигата на Шампионите откако на првите два меча успеа двапати да победи.

ПретходноКристијано јуниор повторно доби репрезентативен повик
СледноКК Пелистер со прва историска победа во Европа!