ЛШ: Ливерпул пред најголемиот тест, супер-дерби на „Бернабеу“

44

Уште девет возбудливи фудбалски пресметки не очекуваат вечерва во продолжението на 3. коло од најсилното европско клупско натпреварување, Лигата на шампионите на УЕФА. По синоќешните возбудувања, вечерва фокусот на европската фудбалска јавност ќе биде дуелот на „Сантијаго Бернабеу“, каде се среќаваат двајца великани на европскиот фудбал, Реал (М) и Јувентус.

Реал Мадрид го дочекува дуелот со неколку проблеми. Недостасуваат неколку дефанзивци, бидејќи Антонио Рудигер, Дани Карвахал и поранешниот централен бек на Јувентус, Дин Хујсен, ќе го пропуштат натпреварот, а Трент Александар-Арнолд и Ферланд Менди сега се вратија на тренинзите.

На спротивната страна, се очекува Тудор да ги избере Франсиско Консеисао и Кенан Јилдиз како поддршка за уште еден напаѓач во фортот, Душан Влаховиќ лии Џонатан Давид. Гостите повторно ќе бидат без дефанзивниот играч Бремер, а недостасуваат и левиот бек Хуан Кабал, но и Фабио Мирети кој сега ги продолжи тренинзите.

Вториот меч кој се очекува со нетрпение е гостувањето на англискиот шампион Ливерпул во Германија кај Ајнтрахт. Во Франкфурт „црвените“ предводени од Арне Слот доаѓаат по неверојатната серија од 4 последователни порази во сите натпреварувања, нешто што не му се случило на тимот под досегашната палка на холандскиот стратег. Играчот од средниот ред на гостите, Рајан Гравенберх е под знак прашалник откако беше принуден да го напушти теренот против Манчестер Јунајтед поради проблем со глуждот, а Кертис Џонс најверојатно ќе биде негова замена. Ендру Робертсон речиси сигурно ќе влезе во стартната постава на местото на Керкез, додека Ибрахима Конате би можел да биде заменет од Џо Гомез. Во нападот, формата на Уго Екитике заслужува место пред Александар Исак. Кај домашните се чини нема проблем со остуства и повреди.

Првите два меча со кои се отвора програмата ќе се одиграат меѓу Атлетик (Б) и Карабах, односно Галатасарај – Бодо.

ПретходноРакометната федерација на Македонија им се заблагодари на Јована Саздовска, Елена Ѓорѓиевска и Симона Маџовска
Следно„Штрковите“ гостуваат во Никшиќ на втор меч од АБА 2 лигата