Штета. Нема “два од два“ за нашиот шампион во новата сезона во АБА2,лигата. Пораз на МЗТ Скопје вечерва во Никшиќ од домашниот состав на Сутјеска со 83:77.
Велиме штета ако се знае дека “металците“ во првите две четвртини одиграа одлично, имаа и солидна предност од +10 со кои се отиде на пауза.
Сепак следуваше пад во играта на гостите од Скопје, или Сутјеска заигра далеку подобро, сеедно ако се знае дека на крајот МЗТ Скопје не успеа да дојде до втора победа оваа сезона во АБА2 лигата и останува само да жали за пропуштената шанса, но јасно е дека за победа на гости треба да се одигра квалитетно во текот на целиот меч, а не само во првите две четвртини.
Во самиот финиш МЗТ Скопје можеше да дојде и до пресврт, беше на -2 на десетина секунди до крајот, но сепак не успеа кога беше најпотребно.
Најефикасен во редовите на МЗТ Скопје беше Смит – Мекјуен со 20 поени.