Младен Жижовиќ ќе му биде тренер на Станковски во Раднички

83

Некогашниот тренер на тимот на Шкупи, а потоа и на Борац Бања Лука каде настапуваа Шишковски, Николов, Херера, Младен Жижовиќ, го презема кормилото на тимот на Раднички Крагуевац.

Па така, искусниот стратег повторно ќе има конекција со Македонија, затоа што во овој тим во моментов настапува нашиот репрезентативец Лука Станковски.

Жижовиќ доаѓа на местото на Александар Луковиќ кој што пак на стартот на сезоната го наследи Феџа Дудиќ.

Но, во Крагуевац работите не беа како што треба, клубот е во долниот дел од табелата  и нормално е да има промени.

 

ПретходноРистовски дел од ремито на Звезда против Бањик Острава
СледноКлисман Цаке: Нашата цел се трите бода против Шелбурн!