На Џордан му недостига кошарката: “Кога би имало магично апче…“

36
ФОТО: Michael Jordan/X

Најголемиот во светот на кошарката, па ако сакате и воопшто во спортот живееше под превезот на тајноста во последните две децении, а од оваа година, фановите на НБА и кошарката воопшто ќе имаат можност повторно да го гледаат славниот Мајкл Џордан на малите екрани! Легендарниот ас на Чикаго Булс ќе има своја платформа на мрежата на NBC, каде што повремено ќе коментира големи НБА натпревари во улога на стручен консултант.
Додека разговараше за NBC, Џордан се потсети на својата љубов кон кошарката, велејќи дека ужасно му недостига играта под обрачите, а потоа живописно објасни дека кога би можел уште утре би се вратил во спортот што го направи познат.
„Ја сакам кошарката повеќе отколку што можете да замислите. Тоа чувство за натпревар… Живеам за моменти како тој. Искрено, би сакал да има магично апче, да можам да облечам шорцеви, да излезам на теренот и да играм, бидејќи, тоа сум јас. Ми недостига сето тоа “посочи МЏ.

ПретходноПознати се сите четвртфиналисти во Купот на Македонија, се чека само на Шкендија или Тиквеш!
СледноЛевандовски на лето прави сензационален трансфер во Манчестер Јунајтед?!