Ракометната федерација на Македонија им се заблагодари на Јована Саздовска, Елена Ѓорѓиевска и Симона Маџовска

38
фото: Ракометна Федерација на Македонија - официјална страница (FB)

Во пресрет на натпреварот меѓу женските сениорски репрезентации на Македонија и Словенија, Ракометната федерација на Македонија им оддаде признание и искрена благодарност на три истакнати репрезентативки кои ставија крај на својата репрезентативна кариера: Јована Саздовска, Елена Ѓорѓиевска и Симона Маџовска.

Во знак на почит за нивниот придонес кон македонскиот ракомет, на пригодна церемонија им беа врачени врамените дресови од страна на претседателот на РФМ, Александар Стефанов, генералниот секретар Влатко Тасевски, како и легендата на македонскиот ракомет, Индира Кастратовиќ.

РФМ им изразува искрена благодарност за професионализмот, пожртвуваноста и посветеноста што ја покажаа во дресот со националниот грб. Нивниот пример ќе остане инспирација за идните генерации ракометарки.

ПретходноГарабаја: Мора да бидеме на ниво, со Магдебург нема импровизации
СледноЛШ: Ливерпул пред најголемиот тест, супер-дерби на „Бернабеу“