Струмица одигра храбро, Динамо (Б) дојде до очекувана победа

34

Македонскиот одбојкарски шампион Струмица загуби од Динамо Букурешт со 0:3 во првиот натпревар од стартното елиминациско коло во најсилното клупско натпреварување, Лигата на шампионите. Гостите кои дојдоа како големи фаворити ги исполнија целите, а младиот македонски шампион потврди дека има млада генерација на која допрва треба да смета македонската одбојка. Струмица храбро и одважно во сите три сета, покажувајќи дека може да им парира и на фаворитите од калибарот на Динамо, кој е најтрофеен клуб од Романија.

СТРУМИЦА – ДИНАМО (Б) 0-3 (18:25, 20:25, 19:25)

Уште на стартот на првиот сет беше забележлива разликата во квалитетот на двете страни. Струмица почна храбро, успеа да се одржи во егал, но гостите од Букурешт дојдоа до предност од 5:9 што беше аларм за прв тајм-аут за тренерот Атанас Милев. Кон средината на сетот Динамо ја одржа предноста и во финишот влезе со плус шест, 14:20. Струмица се обиде да го направи финишот интеррсен, но Динамо успеа со солидна предност да го добие сетот со 18:25.

Вториот сет беше во егал по првите десетина поени (5:5), но потоа Динамо почна да ја прави разликата. До средината на сетот Романците имаа плус пет (9:14), а потоа ги искористија сите грешки на нашиот шампион за да дојдат до убедливо водство. Сепак, Струмица слично како и во првиот сет успеа да се консолидира и до крајот на сетот да дојде до солиден број освоени поени за конечни 20:25.

Струмица довро гонпична и третиот сет. Гостите имаа мала предност, но нашиот првак не дозволи противникот да направи голема поен-разлика (10:12). Слично продолжи и средината на сетот, каде Струмица во повеќе наврати успеа да освои одлично одбработени поени. Во финишот гостите успеаја да одржат предност и да го приведат сетот до 19:25 за конечни 0-3.

Јован Милев и Кристијан Илиев со по 6 освоени поени беа најдобри реализатори кај Струмица.

ПретходноКлисман Цаке: Нашата цел се трите бода против Шелбурн!
СледноПознати се сите четвртфиналисти во Купот на Македонија, се чека само на Шкендија или Тиквеш!