Фермин го надмина Меси со вчерашниот хет-трик во ЛШ

40
фото: FC Barcelona (X)

Младата ѕвезда на Барселона, Фермин Лопез стана вториот најмлад автор на хет-трик за Барселона во Лигата на шампионите. Играчот од средниот ред на „Блауграна“ постигна три гола против Олимпијакос синоќа на натпреварот од 3-то коло во лигашката фаза.

Шпанецот постигна хет-трик со 22 години и 163 дена. Помлад фудбалер на Барса кој го направи ова е единствено Нејмар. Тој во 2013 година со 21 година и 309 дена постигна хет-трик на мечот против Селтик.

Лионел Меси постигна три гола за првпат за Барселона во Лигата на шампионите на возраст од 22 години и 286 дена (всушност четири гола против Арсенал во 2010 година).

ПретходноДончиќ ја отвори НБА сезоната со 43 поени и пораз, шампионот тргна со победа (ВИДЕО)
СледноИсториски срам за Наполи, првпат примија 6 гола на европски натпревар