ФИБА Евро куп: Битола посакува прва европска победа

29
фото: fiba.basketball

Кошаркарите на Пелистер вечерва (19 ч.) во Битола ќе го имаат првиот европски предизвик на домашен терен. Во изминатите денови тимот интензивно се подготвуваше за премиерниот дуел пред свбоите фанови во ФИБА Евро Купот, каде втор ривал ќе им биде словачкиот претставник Превидза.

Во првата рунда на гостувањето во Загреб, битолските „зелени“ загубија од Цедевита јуниор, а сега на домашен терен ќе се обидат да дојдат до историската евро-победа.

„Прва работа што треба да ја смениме е индивидуалниот пристап, бидејќи од тоа почнува се. Мораме да покажеме желба, да се бориме и да играме за секоја топка, да бидеме колективно силни, да личиме на тим. Мораме да останеме сконцентрирани и на обврските во одбраната, да не играме секој за себе. Ако секој од нас биде на висина на задачата со индивидуалниот пристап, тоа ќе придонесе сите заедно да изгледаме многу подобро на теренот. Секако, желба на сите нас е со победа да го крунисаме овој прв европски меч во Битола“, вели Лука Стојановски во најава на денешниот меч.

Мечот со Превидза значи и почеток на напорниот период за битолчани кои за пет дена ќе играат три меча, ако се знае дека по денешниот дуел ги очекуваат пресметки со Маџари и со Феникс во домашнинот шампионат.

ПретходноАртета: Ова е само почеток за Ѓокереш, сега очекувам серија голови
СледноНова борбена победа на ШК Алкалоид за влез во европскиот топ 10