Утре во 18:45 часот, Шкендија ќе го одигра својот втор меч од годинашната Лига на Конференции. Нашиот шампион не крие дека утре против Шелбурн се оди на победа, се оди да се испише историја, да се дојде до првата победа во лигашката фаза.
Па така во пресрет на утрешниот дуел со ирскит Шелбурн, четата на стратегот Јетон Беќири и тоа како добро се загреа, го одработи вообичаениот тренинг.
Падна и последниот договор како да се одигра утре и да се победи Шелбурн.