Јанта Волеј за историја: Прв настап и прв триумф во Лигата на шампионите

92

Историска победа на македонскиот одбојкарски шампион Јанта Волеј. Вечерва во првото елиминациско коло од лигата нашампионките, нашите одбојкарки славеа на дуелот со босанскиот шампион ЖОК Гацко со 3:2 и го запишаа првиот триумф на европската сцена во својата клупска историја.

ЈАНТА ВОЛЕЈ – ЖОК ГАЦКО  3:2  (25-21, 21-25, 25-22, 20-25, 18-16)

Јанта Волеј влезе со голема самодоверба на оваа средба, што се покажа како сосема оправдана со оглед на играта која избраничките на Никола Јаневиќ ја покажаа во текот на сите пет сета. Гостинките и во вториот и во четвртиот сет потврдија дека имаат одличен состав, но Јанта Волеј и покрај неискуството од настапи во најсилната европска конкуренција, покажаа дека квалитетната работа со години наназад доаѓа до израз.

Нашиот првак успеа да ги добие првиот и третиот сет, додека гостинките славеа во вториот и четвртиот, што практично го однесе мечот во тај-брејк. Во петтиот одлучувачки сет видовме вистинска драма. Напрво Гацко имаше предност од три поени на стартот (1:4), па потоа возвратија нашите шампионки, за кога се чинеше дека се ќе биде брзо готово, гостинките да се вратат на наши грешки и да дојдат до егал завршница. По пет сет-меч топки, конечно Аргентинката Ледесма успеа со едно интересно префрлање да го освои осумнаесетиот поен и да го донесе толку посакуванот триумф на најсилната европска сцена.

Извонреден натпревар за Јанта Волеј одигра коректорката Мери Бошковска која на крајот запиша 26 реализирани поени зад своето име. Со 19 поени втор поентер беше Ледесма, додека Тетјана Јаневиќ финишираше со 16 поени.

Одлуката за пласман во следното елиминациско коло ќе падне на реваншот во Босна и Херцеговина, каде нашиот првак сигурно ќе оди и на втора победа.

ПретходноЗагреб дома поразен од ПИК Сегед, Спортинг славеше кај Колштад!
СледноЛШ: Белингем за “кралска“ победа во дербито, Баерн си “гази“, Ливерпул и Челзи броеја до пет!