Јанта Волеј сака победничко „крштевање“ во европската елита

16
фото: Јанта Волеј (FB)

Македонскиот одбојкарски шампион во женска конкуренција, Јанта Волеј вечерва во СЦ „Јане Сандански“ во вториот меч од двојната одбојкарска програма ќе го одигра својот прв натпревар од новата сезона во најсилното европско клупско натпреварување, Лигата на шампионите на ЦЕВ. Ако за машкиот првак Струмица, Лигата на шампионите не е ново искуство, со оглед на нивното редовно учество веќе неколку сезони наназад, Јанта Волеј за првпат ќе го почувствува сјајот на европската клупска елита.

„Јанта Волеј испишува клупска историја со учеството во Лигата на шампионите. Имаме противник по мерка, со кој според анализите сме на исто ниво. Добро работевме изминатиов период, имаме две победи во домашното првенство кои добро дојдоа и за подготовка и кревање на атмосферата и позитивната енергија во тимот. Ние сме скромни во нашите очекувања, не летаме високо, за да не паднеме ниско. Одиме да освоиме сет, а потоа ќе видиме што ќе донесе натпреварот“, потенцираше на вчерашниот прес, тренерот Јаневиќ.

Босанскиот ривал ЖОК Гацко е вистински противник за Јанта Волеј да се обидат да направат и прв исчекор во ова најсилно натпреварување. Одбојкарките и стручниот штаб ја повикаа публиката во што поголем број да им даде поддршка за што подобар резултат на првиот домашен меч.

Дуелот стартува во 20 часот, а влезот во салата е слободен. Судии на натпреварот ќе бидат Рој Бенсимон од Израел и Теодора Кириопулу од Грција.

ПретходноЛиверпул во јануари ќе донесе замена за Салах
СледноГарабаја: Мора да бидеме на ниво, со Магдебург нема импровизации