Вечерва во Куманово требаше да се одигра мечот од елитната кошаркарска лига во Македонија меѓу МКК Куманово и Феникс 2010. Сепак истиот е одложен, а по тој повод се оласи и КФСМ со соопштение:
„Натпреварот бр. 1СМ/13 од третото коло од МТЕЛ Супер лигата – мажи, кој требаше да се одигра денес, среда, на 22.10.2025 година, со почеток од 20:00 часот, во Спортската сала „Куманово“ помеѓу екипите МКК “Куманово” и КК “Феникс 2010”, се одложува за 24 часа.
По пристигнувањето во салата и извршената техничка контрола на теренот за игра, беше утврдено дека површината е исполирана и лизгава, што претставува реална опасност од повреди на играчите.
Дополнително, беше констатирано дека претходно, во истата сала, се одиграл натпревар во ракомет, при што е користена специјална смола (лепило) за топката, која оставила остатоци на паркетот и довела до намалена стабилност и небезбедни услови за игра, затоа и било направено чистењето и полирањето на паркетот.
По консултација со капитените и тренерите на двете екипи, како и со делегатот на натпреварот, е донесена заедничка одлука, натпреварот да се одложи за 24 часа, со цел да се овозможи целосно чистење и повторна проверка на безбедноста на теренот.