Неславен рекорд: Единствен во ЛШ кој ги загубил првите три меча и како тренер и како играч

82
фото: Ajax (X)

Тренерот на Ајакс, Џони Хејтинга, нема идеален почеток на својата тренерска кариера, но е доста сличен на почетокот на неговата фудбалската кариера.

Хејтинга беше помошник на Арне Слот кога Ливерпул ја освои титулата во Премиер лигата минатата сезона, но го напушти клубот за да стане главен тренер на Ајакс. Ова беше негово прво трајно назначување како главен тренер, а на клупата на Ајакс веќе има четири победи, четири нерешени и еден пораз во холандската елита, но затоа, пак, ги загуби сите три натпревари од Лигата на шампионите.

Последниот трет пораз во Лигата на шампионите беше против Челзи на „Стемфорд Бриџ“, а Хејтинга постави апсолутен рекорд во натпреварувањето, станувајќи првиот човек што ги загубил своите први три натпревари од Лигата на шампионите и како тренер и како играч. Хејтинга ги одигра своите први натпревари од Лигата на шампионите со Ајакс во сезоната 2003-2004, кога тимот загуби пет натпревари по ред со него во тимот.

ПретходноТренерот на Лејкерс откри каква е повредата на Дончиќ
СледноОдбрани најдобрите фудбалски школи на светот, има две и од Балканот