Секако дека треба и мора да биде задоволен тренерот на Шкендија, Јетон Беќири по првата победа во лигашката фаза. Токму тој како тренер ќе биде запишан кој успеал да дојде до прва победа на Шкендија и воопшто во мак – фудбалот.
Еве што кажа Беќири по мечот:
“Секако дека сум задоволен од победата во Конференциската лига. Ако се сеќавате дека почнавме во јули, уште во квалификациите и ете успеавме да стигнеме до тука, со многу работа и труд. И испишавме историја. Важно е секогаш да имаме добри перформанси и да се освојуваат бодови во Европа бидејќи со тоа помагаме и да се крене рејтингот на македонската лига. Најважно од се е дека оваа екипа се уште не е во својот максимум и се надевам дека во иднина ќе одиграме многу поквалитетно. Некојќе рече дека сме имале среќа, и се согласувам, но среќата ги прати храбрите. Работиме многу и мислам дека ја заслуживме среќата. Тоа што победуваме и кога не сме на стоотсто покажува дека сме квалитетна екипа“.










