Суперкомпјутерот „Опта“ по три комплетирани кола во Лигата на шампионите, излезе со новите аналитички прогнози за фаворитот за освојување на Лигата на шампионите на УЕФА.
Откако беа завршени сите натпревари од третото коло според анализите, екипата на Арсенал е прва на листата на фаворити за престижниот трофеј со 21,13% шанси за триумф. Второто место на листата на фаворити го задржа европскиот шампион ПСЖ чии шанси да ја одбрани титулата се проценети на 14,03%, додека шансите на Ливерпул и натаму се високи – 12,31%.
Финалето на тековниот турнир ќе се одржи на „Пушкаш Арената“ во Будимпешта на 30 мај 2026 година. Од синоќа лидер на табелата по три кола е ПСЖ, пред Баерн, Интер, Арсенал и Реал (М). Сите имаат по девет бода.