Вирц по двете асистенции: Можам да направам и повеќе, среќен сум што победивме

62
фото: Liverpool FC (X)

По бројните критики кои стигна ана негова адреса по последните настапи во дресот на Ливерпул, германското засилување за Ливерпул ова лето, Флоријан Вирц на синоќешниот меч со Ајнтрахт (Ф) во Лигата на шампионите успеа да реализира две асистенции во победата на „црвените“ од 5:1.

„Никогаш не сум дал интервју веднаш по натпреварот. Губевме со 0-1, но успеавме да се вратиме и да го свртиме резултатот. Во првото полувреме си го отежнував наоѓањето на вистинските простори. Исто така, ја загубив топката непосредно пред да постигнеме гол. Но, генерално, сè беше во ред. Во второто полувреме се обидов да најдам подобри места. Разбирам дека можам да направам многу повеќе. Мислам дека второто полувреме беше навистина добро, како и остатокот од тимот. Затоа сум среќен што победивме и што конечно можев да придонесам за постигнувањето на головите“, изјавил Вирц.

ПретходноТој е “моторот“ на Барса: Неверојатната статистика на Педри!
СледноЈанта Волеј по историската победа: И самите си покажавме дека можеме