Официјално: Меси го продолжи договорот со Интер Мајами!

30

Тукушто излезе информацијата дека Лионел Меси, потпишал нов договор со тимот на Интер Мајами и ќе биде дел од овој тим до 2028. година. Тоа значи дека еден од најголемите фудбалери на сите времиња, својата кариера ќе ја заврши во Интер Мајами.

Иако тоа веќе ни оддалеку не е оној Меси кој што освојуваше златни топки и трофеји во Лигата на Шампионите своевремено, сепак, добро е да се знае дека тој сеуште е дел од активниот фудбалски свет. Па било тоа да е дел и од просечната МЛС лига.

Голем удел во сето ова има и изградбата на новиот стадион на Интер Мајами кој што треба да е готов до крајот на претстојната 2026 година.

ПретходноПознат е стартниот состав на Шкендија: Бесарт, Тамба, Љатифи…ќе атакуваат кон голот на Шелбурн!
СледноЕве како Интер Мајами се пофали со потписот на Меси: „Тој е дома“! (ВИДЕО)