Познат е стартниот состав на Шкендија: Бесарт, Тамба, Љатифи…ќе атакуваат кон голот на Шелбурн!

81
ФОТО: KF Skendia/FB

Вечерва од 18:45 часот Шкендија на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, во меч од 2.коло во Лигата на Конференции, ќе го дочека Шелбурн, тим од Р. Ирска.

Секако дека се очекува добар настап и добар резултат на нашиот шампион, а стратегот Јетон Беќири веќе го објави стартниот состав.

Во него се:

Гаје, Трумчи, Цаке, Фетаи, Вебстер, Зејнулаи, Алхасан, Тамба, Красничи, Љатифи, Ибраими.

Од ова се гледа дека Беќири мечот ќе го започне со најсилниот тим кој во моментов го има на располагање.

ПретходноУапсен евролигашкиот судија Урош Николиќ (ВИДЕО)
СледноОфицијално: Меси го продолжи договорот со Интер Мајами!