Полувреме: Без голови на Арената, Шкендија и Шелбурн премногу резервирани!

95

Заврши првото полувреме од мечот од 2.коло во Лигата на Конференции меѓу Шкендија и Шелбурн и тоа со резултат 0:0. Се играше премногу резервирано, премногу тактика со ниту една сериозна шанса за гол, ако не ги сметаме заканите на Тамба и Зејнулаи, а Љатифи беше сам пред гостинскиот голман но направи фаул во напад.

Ирците се покажаа како цврст противник кој знае што сака. Мбенг во неколку наврати опасно се закани, правеше проблеми по десната страна, еднаш упати директен удар кон голот на Гаје, но рековме веќе, на пауза се замија со тие почетни 0:0.

Лига Конференции – 2.коло

ШКЕНДИЈА – ШЕЛБУРН 0:0

Национална Арена “Тодор Проески“ во Скопје. Судија: Стефан Ебнер (Австрија). Стрелци:/.

ШКЕНДИЈА: Гаје, Трумчи, Вебстер, Фетаи, Цаке, Алхасан, Зејнулаи, Љатифи, Красничи, Тамба, Ибраими.

ШЕЛБУРН: Спел, Мбенг, Берет, Ледвиџ, Норис, Луни, Којл, Мекинрој, Хенри – Френсис, Вуд, Одубеко.

ПретходноИва Пројковска ќе го суди 1/2 финалето во Лигата на Нации
СледноСилно невреме го прекина мечот во Ријека!