Супер вести од Минхен: Мусиала се врати на тренинзите на Баерн

28

Откако целосно се опорави од стравичмната повреда и скршеницата, со која што се здоби во дуелот со Џиџи Донарума, Џамал Мусијала, првотимецот на Баерн од денеска повторно е на тренинг со тимот.

Операцијата, како и целосната рехабилитација се минато, па сега Мусиала единствено треба и физички да се подготви за да може и да направи целосен кам бек на терените.

Иако за ваков вид на тешки повреди можеби е потребно и повеќе време за кам бек, сепак, Мусиала кој се повреди на 5 јули на дуелот со ПСЖ еве го повторно на тренинг.

 „Среќен сум што се вратив на теренот. Беше одлично за мене што се вратив на теренот. Се чувствував одлично. Нозете ми се чувствуваа добро. Тоа беше многу голем чекор. Пред неколку недели го направив мојот прв скок, потоа за прв пат трчав на лента, а сега сум на теренот. Мислам дека секоја недела правам нов чекор напред. Сега целта е повторно да се навикнам на трчање, да добијам брзина. Потоа ќе почнам да тренирам со топката. Дриблинг, додавање, шутирање. Секогаш е чекор по чекор, не мора да брзате. Кога ќе се вратам, сакам да бидам 100% подготвен, на добро ниво. Затоа не брзаме“ – изјави Мусиала.

 

ПретходноНово натпреварување за пласман на ОИ – Европски ракометни игри
СледноЈуве е во најлошата серија од 2009 година