Тој е “моторот“ на Барса: Неверојатната статистика на Педри!

39
ФОТО: FC Barselona/FB

Секоја чест за Ламине Јамал, за Рафиња и останатите мега – ѕвезди на Барселона, но се знае дека “моторот“ на каталонците, па и на селекцијата на Шпанија, секако дека е Педри.

За него се врзани исклучителни бројки, но најмногу восхитува неговата контстантно добра форма.

Сепак Педри по нешто друго е феномен. Имено тој од можни 48 натпревари на кои што можел да игра за Барса и селекцијата на Шпанија, настапил на сите во низа.

Неверојатно.

Секако дека на сите не играл 90 минути, но колку и да бил на терен оваа статистика е неверојатна.

Уште повеќе, Педри на последните 86 меча на кои што можел да игра настапил на 85, значи само една пропуштил.

Токму затоа велиме дека е “моторот“ на Барса.

ПретходноШоу на Вембањама, историја за ВЈ Еџкомб, враќање на Ембиид (ВИДЕО)
СледноВирц по двете асистенции: Можам да направам и повеќе, среќен сум што победивме