Уапсен евролигашкиот судија Урош Николиќ (ВИДЕО)

475

Денеска очигледно е денот за апсење во кошаркарскиот свет. По она во НБА кое е спроведено порадо нелегално обложување, ова следново се случува далеку поблиску. Во соседна Србија, поточно во Белград. Плицијата во Србија по опсежна истрага го уапси еден од најдобрите кошаркарски судии во регионот, Урош Николиќ кој е дел од Евролигата односно од регионалната АБА лига со години.

Во неговиот стан е пронајдено вистинско богатство, а се сомничи дека е дел од криминалната група „Врачарци“.

Неговото апсење, сега фрла сериозен сомнеж врз легитимитетот и регуларноста на мечевите на кои што Николиќ беше дел досега.

Во станот на Николиќ се пронајдени неверојатно 250.000 евра во кеш, златни прачки и скапоцени часовници.

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дакиќ изјави дека Николиќ бил финансиска поткрепа за делување на кланот.

 

 

ПретходноЈуве е во најлошата серија од 2009 година
СледноПознат е стартниот состав на Шкендија: Бесарт, Тамба, Љатифи…ќе атакуваат кон голот на Шелбурн!