Шоу на Вембањама, историја за ВЈ Еџкомб, враќање на Ембиид (ВИДЕО)

45
фото: San Antonio Spurs (X)

Неверојатниот Виктор Вембањама ја отвори сезоната со 40 поени и 15 скока без ниту една изгубена топка, во настап исполнет со огромен број фантастични движења и со реализација  на шут од игра, 15/21. Тоа го направи за само 29 минути на теренот, откако пропушти добар дел од минатата сезона поради повреда. На крјаот неговиот Сан Антонио дојде до победа од 125:92 над Далас, со што го расипа дебито на Купер Флег, кој стана вториот најмлад стартер во НБА и го заврши првиот натпревар со 10 поени и 10 скока.

Вембањама, како што се очекуваше, постави и рекорд за Спарс на отворањето на сезоната, доминирајќи во рекетот и собирајќи три блокади, неколку одлични забивања и поени. Стефон Касл го следеше Французинот со 22 поени, седум скока и шест асистенции, додека Ентони Дејвис беше најдобар кај Далас со 22 поени и 13 скока.

Историјата беше испишана во Бостон. Филаделфија ги победи Селтикс на стартот на сезоната, а ВЈ Еџкомб постигна 34 поени за Селтикси во своето деби. Човекот од Бахамите, инаку трет пик на драфтот, испиша историја, првиот играч од 1959 година по големиот Вилт Чемберлен, кој бил толку ефикасен во своето деби. Џоел Ембиид се појави за првпат од февруари и заврши со четири поени.

Њујорк Никс го добија воведното дерби со Кливленд во меч во кој Ануноби беше одличен со 24 поени и 14 скока, Бренсон додаде 23, а Таунс имаше 19 поени и 11 скока.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Бруклин 136:117

Њујорк – Кливленд 119:111

Орландо – Мајами 125:121

Атланта – Торонто 118:138

Бостон – Филаделфија 116:117

Чикаго – Детроит 115:111

Мемфис – Њу Орлеанс 129:122

Милвоки – Вашингтон 133:120

Јута – ЛА Клиперс 129:108

Далас – Сан Антонио 92:125

Феникс – Сакраменто 120:116

Портланд – Минесота 114:118

ПретходноСекоја чест за Ајнтрахт: Германците потсетија на Диого Жота!
СледноТој е “моторот“ на Барса: Неверојатната статистика на Педри!