Јанта Волеј по историската победа: И самите си покажавме дека можеме

47
фото: Macedonian volleyball federation (instagram)

Одбојкарките на Јанта Волеј тргнаа со голема победа во своето дебитантско претставување во Лигата на шампионите на ЦЕВ. Македонскиот шампион на домашен терен во стартното елиминациско коло во ет сета со 3:2 го совлада босанскиот првак ЖОК Гацко и покажа дека женската клупска одбојка оди во нагорна линија. Задоволството од победата по мечот не го криеја и одбојкарките.

„Малку сум изненадена од начинот на кој мина натпреварот. Сите бевме мотивирани, денеска го дадовме максимумот од себе за да ја покажеме таа игра што ја видовте денеска. Мислам дека сите девојки кои играа денеска ја заслужија оваа победа. Ние и самите себе си си покажавме дека можеме и дека напредуваме“, вели една од најдобрите поентерки кај нашиот шампион на првиот меч во Лигата на шампионите, Тетјана Јаневиќ.

Одлучувачкиот меч за пласманот во третата рунда од елиминацијата следува следната среда во Требиње, каде ќе се одигра реванш натпреварот меѓу овие две екипи. Со оглед на тоа што Јанта Волеј загуби два сета на мечот во Скопје ќе мора да оди на освојување на најмалку два сета во БиХ за да се избори за „Златен сет“.

ПретходноВирц по двете асистенции: Можам да направам и повеќе, среќен сум што победивме
СледноНБА ѕвездата Батлер е нов кошаркар на Црвена звезда