Јуве е во најлошата серија од 2009 година

22

Тешки денови за тимот на Јувентус и за тренерот Игор Тудор на играчки и на резултатски план.

Лошата серија синоќа продолжи овојпат во рамките од Лигата на Шампионите, во која Јуве загуби на гостински терен од Реал Мадрид со 1:0.

Со тоа, се заокружи бројката од седум последователни мечеви без победа на тимот. Јуве пет пати не победи во домашната Серија А, и на два пати во Лигата на Шампионите.

Ова е најдолгата серија без победа на тимот уште од 2009 година кога тимот под водство на Клаудио Раниери не успеа да победи на осум мечеви. Овој неславен подвиг на тимот може да се изедначи веќе следниов викенд кога „Старата дама“ гостува кај Лацио во Рим.

За тренерот Игор Тудор тоа е веројатно последниот тест меч, кој доколку не го добие многу веројатно ќе добие отказ.

 

 

ПретходноСупер вести од Минхен: Мусиала се врати на тренинзите на Баерн
СледноУапсен евролигашкиот судија Урош Николиќ (ВИДЕО)