Уште едно признание за нашата Ива Пројковска. Имено македонската судија е одредена да го суди полуфиналето во Лигата на Нации меѓу женските селекции на Франција и Германија, натпревар кој се игра утре од 17:45 во Дизелсдорф.
Нејзини помошнички ќе бидат Елена Соклевска – Илиевски од Македонија и Сташа Шпур од Словенија.
Судитите во ВАР собата се од Унгарија.
Како што веќе рековме, ова е уште едно признание за Пројковска која во последно време и тоа како добива значајни мечеви за судење во Европа.